Домашен пченкарен леб

Состојки:

  • 250гр пченкарно брашно
  • 800гр пченично брашно
  • млака вода
  • 1 квасец
  • 1 лажичка путер
  • 1 лажичка пециво
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажица шеќер

Подготовка:

-Во посебен сад се мешаат  250гр пченкарно и 250гр пченично брашно, се става квасецот, солта, шеќерот, путерот, пецивото. Со постепено додавање вода и преостанатото брашно се замесува, додека да се одлепи од рацете.

-Го оставаме да стаса, двојно да нарасне.Кога еднаш ќе стаса го премесуваме, го оставаме да стаса уште еднаш.Го ставаме во тава на масна хартија и наросуваме со пченкарно брашно.

-Печеме во загреана рерна 200C 1о мин., по 10 мин. постепено ја намалуваме  температурата до 150C и го оставаме да се пече уште 30мин.

Пријатен апетит!

Тестенини со спанаќ

Едноставни за подготовка и вкусни, за силен почеток на денот!  Попај знае 🙂

tumblr_nxufgtPHrR1tb16fvo1_400

Состојки:

  • 400гр тестенини (по избор)
  • 400гр спанаќ
  • 20гр путер
  • 200гр павлака
  • малку сирење
  • сол и црн пипер

Подготовка:

-На тивок оган се топи путерот, се додава спанаќот и се пржи 6-7 мин. Се мати павлаката со лажичка 2-3 минути и се додава во смесата, се зачинува со сол и црн пипер и се ренда сирење.

-Предходно сварените тестенини ги додаваме во тавата на оган и ги мешаме 1 мин.

Пријатен апетит!

 

 

Најздравите лазањи

Сакате да се храните здраво и да не се откажете од италијанските специјалитети, тогаш сигурно морате да ги пробате овие превкусни лазањи!

tumblr_n6l65u8zbm1r5usojo1_500

Потребни состојки:

  • 500гр готови кори за лазањи
  • 700гр јунешко мелено месо
  • 500мл свеж сок од домати 
  • 2-3 моркови
  • кашкавал
  • 1 лажичка суво оригано
  • сол и црн пипер по вкус
  • Бешамел сос:
    • 500мл млеко
    • 40гр брашно
    • 50гр путер
    • малку рендано морско оревче 
    • 1/2 лажичка сол

Подготовка:

-Ставете го меленото месо во тава со малку вода да се динста 10 минути, изрендајте ги морковите и додадете ги во месото, оставете да се динстаат уште 7-8 минути (додека да испари водата) и додадете го сокот од домати, оригано, сол и црн пипер.Се остава да се вари на тивок оган се заедно додека смесата не се згусне.

-Потоа го спремаме бешамел сосот:

-во  тенџере на тивок оган го ставаме путерот да се растопи, го додаваме брашното и се заедно пржиме 2-3 минути, додаваме 1/3 од млекото и мешаме, го додаваме останатиот дел од млекото заедно со морското оревче и солта. Вариме додека не се згусне со постојано мешање.

-Корите за лазања ги редиме на намастено тавче (може претходно малку да се сварат 5-6 мин.), врз нив ставаме од  бешамел сосот а врз сосот ставаме од смесата со месото. Оваа постапка ја повторуваме додека имаме кори и фил.

*на последната кора ставаме бешамел сос, врз сосот ставаме 5-6 лаж. сок од домати и на крај кашкавалот ( препорачувам гауда) го редиме по целата површина .

-Печеме во загреана рерна на 200 целзиусови степени,некаде околу 20 минути.

Пријатен апетит!